Лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи како предизвик да освоите iPhone XS

Арсенал го пречекува Челзи во дербито на викендот во Европа. Двата лондонски тима се далеку од трката за титулата во Премиер лигата, а главна цел им е да обезбедат место кое ќе ги однесе во Лигата на шампионите за следната сезона. Лондонските ривали досега играле вкупно 196 пати, а Арсенал е подобар и досега има 75 победи. Челзи се радувал на 63 средби, а 58 мечеви завршиле без победник. Дуелот на „Емирати“ е дел од понудата на Спортска прогноза, која повторно е дел од Спорт Манија.

Спортска прогноза нуди 13 мечеви кои може да ви донесат мобилен телефон „iPhone XS“. Тоа е главниот предизвик за сите оние кои ќе успеат да ги погодат сите 13 дуели од понудата. Доколку не погодите само еден натпревар, 12-ката повторно носи мобилен телефон, и тоа „Samsung Galaxy A6 2018“.

Ако двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).

Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести