Лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи дава посебна магија на стартот на новата, четврта сезона по ред на Спортска прогноза, игра што е многу популарна и можете да ја играте бесплатно на официјалната интернет-страница на Sport Life.
И во новата сезона ќе има многу награди, за секое коло премијата е прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“, што е убав предизвик за учество во бесплатната игра што ја организираат Sport Life и Спорт Манија во континуитет веќе четврта година по ред.
И во ова издание ќе се наградуваат и утките, а со еден промашен пар наградата е ваучер во Sport Life во вредност од 1.000 денари, а со 11 погодени парови ве очекува ваучер од 500 денари.
Сè што е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life, која е бесплатна и може да се добие во исклучително кус рок во обложувачките места на Sport Life.
Првото коло стартува во сабота во 15.30 часот, рок до кога ќе можете да се вклучите со вашите прогнози, а во тој термин се играат два меча од Бундеслигата, меѓу Гројтер Фирт и Арминија Билефелд и Херта со Волфсбург.
Во формација 6-5-2 се распоредени 13 натпревари што треба да се погодат со конечен исход за да се стартува со убава добивка и моблен телефон „ајфон 12“.
Во сабота има шест натпревари, во недела пет, меѓу нив и лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи од 17.30 часот, а во понеделник се завршните два дуели од првото коло на Спортска прогноза.
Стандардно ќе се бие и битка за шампион во Генералниот пласман, а на крајот од оваа сезона најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи.
Награди во поени за пазарување во СЛ Маркетот ќе добијат и играчите што ќе бидат рангирани од второто до петтото место.