25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Лондонското дерби викендов ќе се игра со публика на трибините!

Тотенхем против Арсенал е дербито за следниот викенд во Премиер лигата. Лутите лондонски ривали ќе играат на стадионот на Тотенхем, а со најновата одлука на британската влада, на дел од стадионите повторно ќе може да има публика.

Лондон влегува во зоната во која е дозволено на стадионите да има по 2.000 гледачи на трибините, а тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека со нетрпение чека повторно да види гледачи на меч од Премиер лигата.

„Ќе биде многу убаво повторно да играме пред навивачи. Жалам за илјадниците фанови кои нема да имаат шанса да бидат на стадионот, но важно е повторно да видиме барем одреден број навивачи на трибините“, рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Арсенал го има најлошиот старт во првенството во последните 39 години, а Артета вели дека не се плаши дали ќе добие отказ. Топчиите вечерва играат против Рапид Виена во меч од петото коло во Лигата на Европа, а англискиот тим доволно е да освои еден бод за да го обезбеди првото место во групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести