12.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Лондонското и баскиското дерби ги поделија прогнозерите

Типувањето за седмото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза е при крај, рокот е до утре во 15 часот, а многумина играчи веќе се изјаснија и се во трка за главниот предизвик да погодат Среќна 13-ка.

Доколку има прогнозер кој ќе успее да ги погоди фиксовите на сите 13 средби од основната понуда, ќе добие подарок iPhone 16. Оние прогнозери кои ќе имаат 12 погодоци, ќе добијат вредносни ваучери од по 1.000 денари во Sport Life, а две утки и 11 погодоци носи ваучер вреден 500 денари.

На повеќето од понудените дуели, мнозинството прогнозери има свои фаворити, кај девет меча има над 50 отсто за ист тип, но има и средби кај кои мислењето е поделено.

Така, за Тотенхем – Челзи засега 24,2 отсто очекуваат победа на домашните, 37м3 отсто се за реми, а 38,4 проценти веруваат во победа на Сините. За баскиското дерби Реал Сосиедад – Атлетик Билбао, прилично мал (13,8) е процентот на прогнозери кои типувале триумф на гостите од Билбао, но голема е поделеноста кај остатокот, 41,6 се победа на домаќинот, а 44,4 отсто за нерешено.

Интересно е дека само 5,8 отсто од играчите сметаат дека Рома ќе го победи Милан во Милано, иако Рома е втора на табелата (ист број бодови како лидерот Наполи) со седум победи во досегашните девет кола.

Секако треба да типувате и на резервните парови кои се бројат во трката во генералниот пласман.

Доколку уште немате прогнозирано, тоа може да го направите веднаш.

 

- Оглас -

Најнови вести