Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа градско дерби за заборав. 0-0 на „Сантијаго Бернабеу“ е конечниот исход од мечот кој не наликуваше на судир на два големи гиганти. По една или две шанси на двете страни, главни актери на мечот беа голманите Облак и Куртоа, кои си ги сочуваа мрежите. Предводникот на „кралевите“, Хулен Лопетеги, смета дека неговата екипа требаше да добие повеќе од еден бод од оваа средба.
„Одговорот на прашањето зошто не победивме е многу едноставен: Не постигнавме гол. Не сум задоволен од еден бод, заслуживме многу повеќе од тоа. Сметам дека бевме подобри од Атлетико, особено добро игравме кон крајот на првото полувреме, и во поголемиот дел од второто. И покрај повредите и примораната замена на Бејл на полувреме, имавме шанси да издвоиме триумф, но не го направивме тоа“, истакна Лопетеги.
Реал на последните четири првенствени меча даде само два гола, и тоа е загрижувачки податок, кој потврдува дека нападот е проблем на кој Лопетеги мора да поработи со својот тим.