Лопетеги по Ел Класико ќе добие отказ, а во Реал доаѓа Конте?

Реал Мадрид и Барселона се во криза. Двата тима имаат само по една победа во последните пет меча, па тоа го искористи Севилја, која е новиот лидер во Примера дивисион. Барселона падна на второто место, додека Реал Мадрид е на четвртата позиција на табелата.

Покрај проблемот со победите, Реал има проблем и со реализацијата. Кралскиот клуб веќе 409 минути е без даден гол, што е најлоша низа во последните 30 години. Сè поизвесно е дека доколку не се смени нешто во играта на Реал, тогаш ќе има смена на клупата каде што е Хулен Лопетеги. Најавите се дека челниците на Реал имаат сè помалку толеранција поради слабите резултати и дека главен испит за Лопетеги ќе биде дербито против Барселона.

Популарното Ел Класико ќе се игра на 28-ми октомври, на „Камп ноу“. Доколку Реал го загуби овој меч, тоа може да значи и крај за него на клупата на Реал. Уште сега се шпекулира дека во Реал го пикирале Антонио Конте за наследник на Лопетеги.

 

 

- Оглас -

Најнови вести