Францускиот стратег Лоран Блан е нов тренер на Ал-Итихад, објави саудискиот клуб. Тој потпиша договор до јуни 2026 година, со опција за продолжување на договорот за уште една година.
Лоран Блан ќе заработува 10 милиони евра годишно, а предвиден е и огромен бонус ако успее да го освои саудиското првенство.
Тренерската позиција во Ал-Итихад во последниот период е многу нестабилна, откако клубот се раздели со Нуно Еспирито Санто и со Марсело Галјардо.
Се очекуваше нов тренер да биде поранешниот стратег на Милан, Стефано Пиоли, но тоа не се случи, наводно затоа што најголемата ѕвезда Карим Бензема не сакал да соработува со Италијанецот.
Блан последен пат го предводеше Лион, а во својата кариера бил тренер на Бордо, селектор на националниот тим на Франција, Пари Сен Жермен и на катарскиот Ал-Рајан.