Ал-Итихад објави дека е раскинат договорот со тренерот Лоран Блан.
Договорот со 59-годишниот Французин беше раскинат со меѓусебен договор. Одлуката за прекин на соработката беше донесена по поразот на домашен терен од Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија.
Помошникот тренер, Хасан Калифа, ќе биде вршител на должноста главен тренер во наредниот период, додека да најдат трајно решение.
Блан го презеде Ал-Итихад во јули 2024 година, освојувајќи ги титулите во лигата и купот во својата прва сезона.