Лордот се врати и ги запали социјалните мрежи (Видео)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Каспер Хјулманд, во вторникот го објави списокот од 21 играч на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во Катар, а до крајниот рок за пријавување, 13 ноември, ќе ги соопшти останатите петмина фудбалери.

Имињата на списокот на Хјулманд се очекувани и на него се играчи кои играа на последните мечеви во Лигата на нациите, но и на Европското првенство 2020, како Кристијан Ериксен, Каспер Шмајхел, Томас Дилејни, Пјер-Емил Хојбјерг, Јоаким Меле, Каспер Долберг…

Сепак, за целата приказна да не помине без изненадувања, се погрижи „Лордот“, Никлас Бентнер.

Бентнер, кој е во фудбалска пензија, во необично издание се појави во промотивен спот кој Фудбалската федерација на Данска го објави пред Мундијалот во Катар.

https://twitter.com/i/status/1589701384597049345

Популарниот „Лорд“ ја променил фризурата, има долга коса, носи црвена маичка и има бел шешир на главата, па ги запали социјалните мрежи кои се преполни со коментари.
„Лорд Бентнер“, „Зошто станав емотивен кога го видов со капа?“, „Икона“, „Убаво“, се дел од коментарите на воодушевените обожаватели на социјалните мрежи.

Никлас Бентнер во кариерата има настапувано за екипите на Бирмингам, Сандерленд, Арсенал, Јувентус, Волфсбург, Нотингам форест, Розенборг и Копенхаген, а во пензија замина на почетокот на 2020 година. За данската репрезентација одигра 81 натпревар и постигна 30 гола, а имаше и 12 асистенции.

Бентнер прекарот „Лорд“ го доби поради многубројните испади на и надвор од терените, а најпознати му се тие кога нападна во Копенхаген, лудувањето во ноќните клубови во Лондон, како и честите посети на лондонските казина, кога за 90 минути загубил 400.000 фунти.

На фудбалските терени момент за паметење му е прославата на голот против Португалија на ЕП 2012 година, кога покажувајќи ги своите боксерки, ја рекламираше ирската обложувалница „Педи Пауер“, поради што заработи парична казна од 90.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести