Љоренте нема проблем да го смени дресот на Реал со оној на Атлетико

Атлетико Мадрид е многу блиску со реализирање на трансферот играчот за врска на Реал Мадрид, Маркос Љоренте. Кралевите наводно ја прифатиле понудата од градскиот ривал во вредност од 40 милиони евра, а се очекува Шпанецот да потпише петгодишен договор со тимот од „Ванда Метрополитано“.

Љоренте би бил второ големо засилување за Јорганџиите, откако претходно ги осигураа услугите на дефанзивецот на Порто, Фелипе за сума од 20 милиони евра. Со неговото доаѓање, се чини дека Диего Симеоне се помири со фактот дека Родри ќе го напушти тимот по само една сезона, а Манчестер сити и Тотенхем се можните дестинации на деструктивецот, па Љоренте би бил негова замена.

Во историјата ретко се случувала директна преселба на шпански играч од Реал во Атлетико или обратно, а Љоренте нема да биде единствен кој ги носел дресовите на двете екипи од шпанската престолнина.

Претходно тоа го сториле Раул, Хуанфран, Сантијаго Солари, Хосе Антонио Рејес, додека Мората моментално ги брани боите на Атлетико, а во два наврати беше играч на Кралевите.

 

- Оглас -

Најнови вести