Новиот шампион на Европа, грчкиот Панатинаикос, го ангажираше досегашниот плејмејкер на Макаби Тел Авив, 33-годишниот Лоренцо Браун.
ПАО потпиша договор со Браун на три години.
Браун, по завршен колеџ, беше драфтуван во 2013 година како 52. пик од Минесота Тимбервулвс, но беше проследен во Филаделфија. Подоцна беше и во Феникс и Торонто, а целосна афирмација во Европа стекна како кошаркар на Црвена Звезда во сезоната 2019/20.
Од Звезда замина во Фенербахче, потоа во Уникс Казан, а во последните две години ги бранеше боите на Макаби.
Лоренцо Браун вкупно одигра 135 натпревари во Евролигата од 2019 до денес, постигнувајќи во просек 13 поени, 5.1 асистенција и 2.9 скока.
Can’t wait to see you performing in green, @Zo_Brown! 🏀
Η ΚΑΕ Παναθηναϊκός AKTOR ανακοινώνει την απόκτηση του Λορέντζο Μπράουν για τα επόμενα τρία χρόνια 🙏🏽
Welcome to our family! 💚
Διαβάστε περισσότερα στο https://t.co/TcINhTIM47! #WeTheGreens #paobcaktor… pic.twitter.com/nGmkKr7ytK
— Panathinaikos BC (@paobcgr) June 25, 2024