Лоренцо Браун немаше што да прави, мораше да шутне, и погоди тројка за победа (Видео)

Црвена ѕвезда ја совлада Валенсија во кошаркарската Евролига со 76-73, а победничкиот кош го даде бекот Лоренцо Браун, и тоа тројка со последниот звук на сирената во салата „Александар Николиќ“.

Браун го трошеше времето, немаше што да загуби, бидејќи и да утнеше, ќе имаше дополнителни пет минути игра, но тој успеа да најде простор, со чекор назад и преку раката на чуварот го исфрли баскетот пред да истече времето, и успеа да погоди, и да ги израдува фановите во салата. За Ѕвезда ова е четврта победа сезонава.

И во другите денешни евролигашки мечеви победуваа домаќините. Резултатите беа: Фенербахче – Химки 89-76, Алба – Жалгирис 69-62, Панатинаикос – Басконија 100-68, Макаби – Асвел 93-62.

Погледнете го кошот за победа на Ѕвезда:

https://twitter.com/i/status/1200155670391058432

- Оглас -

Најнови вести