Лоренцо Музети му ја симна олимписката круна на Зверев

Бранителот на титулата на Олимписките игри, Александар Зверев, е елиминиран во четвртфиналето на турнирот откако загуби од Италијанецот Лоренцо Музети со 0-2 во сетови (5-7, 5-7).

Во полуфиналето, Музети ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

Музети, кој е на 16. место на АТП листата, потврди дека се наоѓа во одлична форма. Првиот сет го доби со 7-5 во гемови, а во вториот исто така успеа да направи брејк во 11-от гем и потоа го потврди триумфот на свој сервис.

- Оглас -

Најнови вести