6723 Аргентина – Франција (16.00 часот)
На сите натпревари на СП во Катар кои ги играше Аргентина, паѓаа барем два гола, Гаучосите на сите мечеви даваа гол, а само еднаш не постигнаа два. Пред четири години овие селекции се сретнаа во осминафиналето и победи Франција со 4-3. Овојпат играат финале и притисокот е многу поголем. Французите имаат проблем со вирус, но покажаа дека и некомплетни, се опасни. Типуваме на ефикасно финале, ова се два силни тимови, тешко дека ќе биде 0-0.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.90)
2867 Аполон Смирнис – Каламата (18.30 часот)
Ова е дуел од втората грчка лига југ. Смирнис има 16 бода после шест кола и втор е на табелата, уште немаат примено гол, а и кога победуваа, победуваа со 1-0. И мечевите на Каламата се неефикасни, сезонава и на нивните дуели не паѓаа повеќе од два гола, а овој тим после пет кола има 10 бода и гол разлика 5-1. Овие два тима десет години не играле еден против друг, а Смирнис пред 20 години ја извојува последната победа над овој ривал.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.68)
3018 Палермо – Калјари (18.45 часот)
Нерешениот исход делува како најреален во овој дуел на двата некогашни прволигаши. Палермо ремизираше во претходните две кола, а Калјари од 17 меча сезонава, на седум играше нерешено. Калјари има два бода повеќе, битката за враќање во Серија А не им е далеку. Палермо не знае за пораз во последните три кола. Последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со ГГ и 3+ голови.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)
2437 УТА Арад – Рапид Букурешт (19.30 часот)
Домашните се во криза, пет кола не знаат за победа, претпоследни се на табелата. Рапид е трети на табелата, а ако победи вечерва, ќе дојде на пет бода негатива од лидерот Фарул. Рапид не е претерано ефикасен тим, има дадено 26 гола на 20 меча. Во минатата сезона, во април Рапид победи со 2-0 на гостувањето во Арад.
Предлог тип: 2 (2.50)
1320 Малага – Алавес (21.00 часот)
Малага има само 16 бода после 20 одиграни натпревари во втората шпанска лига, и затоа е претпоследна. Имаат само три победи, а во последните три кола освоија два бода. Малага има серија од шест меча со 0-2 гола. Алавес е петти со само два бода помалку од лидерот Еибар, но во криза е, врза три порази по ред и на сите тие три меча примаше барем по два гола. Традицијата ги фаворизира гостите, но овие два клуба не играле меѓусебе уште од 2018 година кога беа прволигаши.
Предлог тип: Х2 & 2+ (2.14)