Капитенот на Тотенхем, голманот Уго Љорис, изјави дека сите играчи во клубот треба да понесат дел од одговорноста ако клубот не се пласира на место на табелата кое води во Лигата на шампионите за следната сезона. Французинот додава дека играњето во ЛШ не го засега исклучиво само напаѓачот Хари Кејн, туку целиот тим.
Петлите на седум кола до крајот, имаат пет бода помалку од четвртиот Челзи.
„Сите сакаме да играме во ЛШ, не само Хари Кејн. Не можеме да зборуваме само за еден играч, ова е тимски спорт. Ако не ја оствариме целта, сите треба да си понесеме одговорност. Не е праведно да се вели дека еден играч заслужува подобро. На крајот на сезоната секој го добива она што си го заслужил со своите игри во текот на сезоната“, вечи Љорис.
Кејн има 137 гола на 200 настапи во Премиер лигата за Тотенхем и тој е човекот од кој се очекува да ги носи кон Топ 4 на табелата или на петто место, па да чекаат да остане забраната на Манчестер сити за настап во натпреварувањата на УЕФА.