Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, сè уште закрепнува од повредата и операцијата на коленото, но сега објави и дека се разведува од сопругата. Германецот осум години беше во брак со архитектката Даниела Јеле, со која имаат две деца, а во врска беа од 2012 година.
Тер Штеген оваа информација ја сподели на социјалните мрежи и побара разбирање и почитување на нивната одука.
„Здраво на сите. По внимателно разгледување, јас и Дени одлучивме да се разделиме. Како што можете да замислите, оваа одлука не беше воопшто лесна, но и двајцата чувствуваме дека тоа е најдобриот потег за нас. Нашата заедничка цел е да направиме сè што е можно нашите деца да продолжат да живеат во средина со љубов и стабилност. Остануваме посветени да работиме заедно како родители и да се однесуваме еден кон друг со почит и благодарност, како и секогаш. Љубезно ве замолувам да покажете разбирање и почитување за нашата приватност, посебно на приватноста на нашите деца. Ви благодариме“, напиша Германецот на социјалните мрежи.
Тер Штеген се повреди во септември минатата година, а неговото враќање на зелените терени се очекува со почетокот на подготовките за новата сезона.