Да ја смирам, или да ја рогнам? Ај ќе конкурирам за најсмешен автогол (Видео)

Играчот за врска Дарио Чанаџија и голманот на хрватскиот прволигаш Горица, Кристијан Кахлина, заедно во копродукција се виновници за еден од најсмешните фудбалски потези сезонава.

Чанаџија се обиде од 20-тина метри да му ја врати топката на својот голман, а топката што беше лесна за смирување, или за дегажман, му отскокна на капитенот Кахлина, па се случи еден од најчудните автоголови во оваа сезона.

https://streamable.com/hockd

Сепак за да не биде комплетно кобен моментот од 31. минута се погрижи соиграчот на Чанаџија и Кахлина, Кристијан Ловриќ со два гола за реми меѓу Вартекс и Горица, 2:2.

- Оглас -

Најнови вести