Лош почеток за фаворитките – Три Гренд слем шампионки испаднаа во првиот ден од ОП на Австралија

Лош старт на првиот Гренд слем турнир во сезоната имаа дури три поранешни Гренд слем шампионки, што ретко се случиува на големите тениски настани.

По елиминацијата на Венус Вилијамс и Саманта Стосур, првиот ден на Австралија опен беше кобен и за Слоун Стивенс. Американката попладнево загуби од Шуаи Жанг со 6:2, 5:7, 2:6 и е третата поранешна шампионка на еден од четирите Гренд слем турнири.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1219235177739714561?s=20

Најтрофејната, секако, е Венус Вилијамс со вкупно 7 пехари од четирите најценети тениски турнири, но ниту еден во Мелбурн. И годинава ветеранката не успеа, па сега шансите за подвиг и се минимални бидејќи веќе има 39 години. Постарата од сестрите Вилијамс загуби убедливо со 6:7, 3:6 од 15-годишната сонародничка Кори Гоф.

По неа испадна и Сем Стосур со пораз од 1:6, 4:6 против Кети Мекнали, а дебаклот на шампионките го комплетираше Стивенс со неуспех против Шуаи Женг.

Кај мажите најголемото изненадување го приреди Унгарецот Мартон Фуксович со елиминација на 13-тиот носител Денис Шаповалов. Фуксович победи со 6:3, 6:7, 6:1, 7:6.

Останатите фаворити кои настапија на првиот ден од Отвореното првенство на Австралија славеа победи, предводени од актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ. Тој го победи Штруф со 3:1 во сетови, а претходно пласман во второто коло обезбедија и Роџер Федерер со триумф од 3:0 против Џонсон, Циципас со идентичен триумф против Карузо и Димитров кој славеше со 3:1 против Лондеро.

- Оглас -

Најнови вести