Весела тениска математика – Страшен пропуст на судијата и невидено објаснување ја декласираа Шарма (Видео)

Невиден преседан се случи на тениски меч во Богота, каде што судијата погрешно ги броеше поените на ВТА-турнирот и ја оштети драстично Австралијката Астра Шарма во клучен момент од третиот сет.

Главниот судија при резултат 0:30 за Шарма против Гато-Монтиконе од Италија, истрча на теренот за да провери каде падна топчето и потоа комплетно погрешно ги броеше поените.

Досуди поен за Австралијката и наместо да продолжи со 0-40 и шанса за брејк на Шарма, судијата продолжи од резултат 30-15 за Италијанката.

https://twitter.com/theoverrule/status/1379517546437689350?s=20

Ја оштети поразената тенисерка за цел гем, при резултат 1:1 во сетови и 1:1 во гемови во последниот сет, а потоа Шарма ги загуби сите игри до крајот на мечот и загуби со 6:4, 5:7, 1:6.

„Веднаш го повикав првиот човек на турнирот и останав шокирана од неговото објаснување. Ми рече дека од ова треба да извлечам лекција за во иднина и повеќе да се концентрирам на играта отколку на резултатот“, изјави Шарма.

Со поразот загуби 1.000 долари и 30 поени на ВТА-листата, секако ако победеше против Гато-Монтиконе.

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести