Лоша вест, без Елмас и Костадинов во баражот!

Македонската репрезентација во првиот бараж на 24 или 25 март 2022 година на своето гостување кај некој ривал ќе мора да игра без вечерашниот јунак, дијамантот Елиф Елмас, како и без Тихомир Костадинов.

Тие двајца вечерва добија втори жолти картони, а правилото на ФИФА е дека картоните не се бришат и нашите интернационалци нема да може да му помогнат на националниот тим во првиот бараж-меч. Инаку, ако Македонија победи на тоа гостување, потоа во решавачкиот меч за пласман на СП можеби ќе игра дома.

- Оглас -

Најнови вести