Лоша вест за Египет и Ливерпул, повредата на Салах е посериозна

Фудбалската репрезентација на Египет вечерва го игра одлучувачкиот натпревар во групната фаза на Африканскиот куп на нациите за пласман во следната рунда против Зеленортски Острови, а победата ќе мора да ја бара без својот најдобар играч и капитен, Мохамед Салах, кој е повреден.

Иако првичните информации беа дека Салах нема долго да отсуствува од терените, најновите информации кои ги пласира неговиот агент Рами Абас не се оптимистички.

„Повредата е посериозна од тоа што го мислевме првично. Мо ќе биде надвор од терените три до четири недели. Најголеми шанси за Салах да заигра на Африканскиот куп на нациите има ако рехабилитацијата се одвива во Англија“, изјави Абас.

- Оглас -

Најнови вести