Лоша вест за Каталонците, Барселона – Осасуна мора да се игра на 27 март

Натпреварот од шпанската лига помеѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се игра на 8 март, но беше одложен поради ненадејната смрт на д-р Карлес Мињаро, ќе се игра следниот четврток, на 27 март и покрај негодувањето на двата клуба кои се жалеа, но жалбата денеска беше одбиена.

Ова значи дека ќе мора да се презакаже мечот на Осасуна со Атлетик Билбао кој требаше да се игра на 28 март, петок, и веројатно новиот датум ќе биде недела 30 или понеделник 31 март.

Барселона бараше промена на датумот со оглед на терминот кој е блиску со меѓународните натпревари на кои ќе играат неколку нејзини играчи, особено оние на Јужноамериканците Роналд Араухо и Рафиња, па тие нема да може да играат против Осасуна. Араухо на 25 вечерта од 21 игра меч за Уругвај, а Бразилецот Рафиња, кој е најопасен играч на Барса сезонава, ноќта помеѓу 25 и 26 игра дерби против Аргентина.

Toa се случува и во Осасуна со Енцо Бојомо, кој е повикан во националниот тим на Камерун и ќе игра во вторник.

- Оглас -

Најнови вести