28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Лоша вест за Реал Мадрид

Еден Азар дефинитивно нема да може да игра на претстојното Ел Класико на 18 декември. Дербито на Барселона и Реал Мадрид ќе биде оштетено со неиграњето на белгискиот мајстор кој летоска од Челзи премина во Реал. Азар се повреди на 26 ноември против ПСЖ, кога доби удар од сонародникот Мение, но од Реал по првите прегледи рекоа дека не е ништо сериозно и Азар на терен ќе се врати за десет дена.

Но, состојбата на Азар не е подобрена и денеска од Реал објавија информација дека има микроскршeница на коска во стапалото, па сега е јасно дека крилото нема да може да игра уште 4-6 недели.

Ова е лоша вест за Реал затоа што Азар почна да влегува во форма, па без него ќе имаат проблем да најдат соодветна замена. Герет Бејл и Винисиус, па и Иско, се фудбалерите кои сега ќе добијат поголема шанса.

- Оглас -

Најнови вести