32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Лоша ждрепка за кошаркарската репрезентација за олимписките претквалификации

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противниците со кои ќе игра на претквалификациите за Олимписките игри. Во Талин, нашата репрезентација во август ќе се соочи со Чешка, домашната Естонија, и Израел.

„Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, но уште поголем квалитет се Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што не чека во евроквалификациите и да се воиграме подобро за новиот циклус во кој се бара место на ЕП” – изјави Бојан Крстевски.

- Оглас -

Најнови вести