36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Лошата прва четвртина им пресуди на младите македонски кошаркари во дуелот со Шведска

Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години, загуби од Шведска во второто коло на Европското првенство Б дивизија, кое се одржува во Грузија. Нашите таленти после вчерашната убедлива победа над Австрија, денеска беа поразени од шведските врсници со 90-92.

Кобна беше првата четвртина која Шведска ја доби со 29-14. Избраниците на селекторот Никола Василев играа добро во вториот и последниот квартал, но тоа не беше доволно за победа со пресврт.

При 79-84, Миловановиќ утна шут за три поени, а Шведска погоди тројка во следниот напад за 87-79 и со тоа на една и пол минута до крај, практично беше одлучен победникот, иако македонските кошаркари се трудеа до последен момент да ја стопат негативата.

Хот со 22 поени беше најефикасен во македонската селекција, а двоцифрени беа и Миловановиќ со 16, Савичевиќ со 15 и Андоноски со 13 поени.

Утре, Македонија игра со Косово, по што ќе следува клучниот меч со домашната Грузија.

- Оглас -

Најнови вести