9.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Лоши најави од Газијантепспор, клубот нема да ја доигра сезоната во турската суперлига?!

Казахстанскиот фудбалер Александер Меркел, кој е член на турскиот клуб Газијантепспор, за медиумите во својата земја изјави дека сезонава е завршена за нив, после уништувачкиот земјотрес кој срамни со земја голем дел од градот.

„Сезонава за нас е завршена. Нема веќе да играме, толку беше од нас сезонава“ – изјави Меркел кој му е тимски колега на Лука Станковски.

Газијантепспор во моментов е десетти на табелата во турската Суперлига, а од лигата се откажува и Хатајспор.

- Оглас -

Најнови вести