Лоши резултати за Македонија: Нашата селекција падна на 5. место во групата

Неповолни се резултатите за Македонија од денешните две средби во Г групата од квалификациите за ЕП 2020. Словенија на свој терен ја победи Полска со 2:0, а Австрија без никакви проблеми славеше против Летонија со 6:0. По овие победи на Словенија и на Австрија, Македонија падна на петото место во групата и сега е само пред фанерџијата Летонија.

Полска ја заврши перфектната низа и тоа на гости кај Словенија. Струна погоди во 35 минута и ја најави радоста на домаќините, а победата во второто полувреме со погодок ја потврди Спорар во 65 минута. Со овие три бода Словенија сега има осум бода со одлична гол разлика (9:3) и се искачи на третото место, пред Израел кој исто така има осум бодови, но со послаба гол разлика.

Австрија очекувано, без никакви проблеми ги освои бодовите против Летонија. Арнаутовиќ беше предводник во победата со два гола.

Во следното коло, на 9 септември ќе играат Летонија – Македонија, Словенија – Израел и Полска – Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести