Лоши се првите претпоставки за повредата на Кејн

Тотенхем го победи Манчестер сити со 1-0, но го загуби Хари Кејн. Напаѓачот заработи повреда на зглоб на ногата, откако врз него несмасно стартуваше Фабијан Делф. Кејн веднаш мораше да биде изнесен од теренот, а шпекулациите се дека повредата е сериозна.

Токму тој зглоб кој го повреди вечерва му беше проблематичен во изминативе неколку месеци. Кејн се жалеше на болки, но играше. Ако лекарските резултати покажат дека се работи за повреда на лигаментите, тоа ќе значи дека англискиот репрезентативец не само што нема да може да игра во реваншот против Сити, туку за него ова е и последен меч сезонава.

„Треба да видиме што ќе покажат утрешните прегледи. Се работи за истиот зглоб на којшто имаше повреда. Ова е многу лоша вест за нас. Може да паузира до крајот на сезоната, а тоа е загрижувачко за нас“, рече тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, веднаш по мечот со Сити.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести