Лоши вести: Легендарната Мартина Навратилова има двократен рак

Една од најголемите тениски легенди и апсолутен рекордер по бројот на освоени Гренд слем титули, Мартина Навратилова има дијагностициран рак на грлото и рак на дојка. Навратилова која во кариерата освои неверојатни 59 Гренд слем титули во сингл и дубл конкуренцијата, сега е пред голем здравствен предизвик.

„Ова е многу сериозен двоен удар, но ситуацијата уште може да се поправи и се надевам на поволен исход. Ќе се борам со се што имам“, порача Навратилова, кој уште во 2010 година за прв пат имаше рак на дојка, но тогаш успешно се справи со болеста, која сега по повеќе од една деценија повторно ѝ се врати.

Навратилова требаше да патува во Австралија и да работи како ТВ водител и стручен консултант на Гренд слемот во Мелбурн, сега сите нејзини активности се откажани. Според најавите ракот кој е откриен е во прв стадиум и прогнозите се добри. Лекувањето ќе започне веднаш.

Легендарната тенисерка од чешко потекло, ракот на грлото го открила откако приметила зголемен лимфен чвор на вратот.

- Оглас -

Најнови вести