Висар Муслиу синоќа во Гент се здоби со повреда поради која предвреме мораше да излезе од игра, а дефанзивецот нема да игра ни на наредниот меч в понеделник во Скопје против Казахстан.
Муслиу има истегнување на мускул во ногата, повредата не е многу сериозна, но прекратко е времето за да може да закрепне, има само два дена за рехабилитација, и тој е во аут од комбинација за настап.