Романија имаше апсолутна доминација против Ерменија во Букурешт и води со 1:0 по првото полувреме на меч на двата наши ривали за второто место во Ј групата.
Резултат што не ѝ одговара на Македонија бидејќи Романците ќе бидат во преден план во неизвесната трка за место што води во дополнителните баражи за настап на Мундијалот во Катар.
Доминацијата беше огромна, Романците имаа дури 73 отсто посед на топката и ја материјализираа со голот на Александру Митрита во 26-тата минута.
Голот на играчот на грчкиот ПАОК за Романците можете да го погледнете ОВДЕ.
Романците ако победат, ќе имаат 13 бода, исто колку и Македонија ако издржи против Германија и не загуби, а по првото полувреме е 0:0 во Скопје.
Ерменците би имале 12 бода и мали шанси да ги претркаат двата ривали за второто место во Ј групата, кои се зад лидерот Германија моментно со 19 бода, ако мечот со Македонија заврши без победник.