Лоши вести од Италија – Се врати леукемијата, Михајловиќ повторно се бори со опасната болест

Лоши вести објавија италијанските медиуми и Синиша Михајловиќ повторно има проблеми со леукемијата.

Фудбалската легенда, кој е тренер на Болоња пак ќе мора да минува низ процес на лечење и битка за опасната болест со која се бореше во минатите две години.

Потврдено е дека пак има леукемија, но популарниот Миха е оптимист како и секогаш. Најавено е дека ќе биде хоспитализиран на почетокот на идната седмица.

„Морам повторно да се борам со лекумијата. Болеста е очигледно храбра, кога одлучи да се врати“, успеа и да се пошегува Михајловиќ во тешки моменти за него.

На Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија во јули 2019 година кога и почна тешката битка со опасната болест.

Во август истата година веќе беше повторно на клупата на Болоња, иако беа видливи знаците на тешката болест.

По два месеци му беше трансплантирана коскена срж, а болницата ја напушти во ноември.

„Знам дека сум под надѕор на одлични доктори и дека нема да потклекнам, како што тоа не го сторив и првиот пат. Најлесно е да се падне, да се откажеш, но јас сум борец и ќе најдам сили повторно да победам“, вели Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести