Лоши вести за Анчелоти: Реал Мадрид без столбот на одбраната до крајот на сезонава

Реал Мадрид останува без столбот на одбрата, Антонио Ридигер, кој ќе го пропушти крајот на првенството. Германецот беше заменет во продолженијата од мечот против Барселона, а потоа направи и скандал кога влета во теренот и фрлаше со предмети по судијата. Ридигер се извини за постапката, за која доби и црвен картон.

Од Кралскиот клуб информираа дека германскиот интернационалец денес е успешно опериран поради мускулна повреда и нема да биде на располагање околу два месеца. Тоа значи дека ќе мора без него да ја бркаат Барселона во Ла Лига, во обид за одбрана на титулата, а нема да биде дел ниту од јунскиот репрезентативен прозорец.

Останува неизвесно дали ќе игра и на Светското клупско првенство, за кое би бил подготвен евентуално за нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести