20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Лоши вести за Ѓоковиќ пред почетокот на ОП на САД, може да има голем проблеми на последниот гранслем сезонава

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, доби лоши вести пред претстојното Отворено првенство на САД, кое ќе започне на 24 август. Популарниот Ноле моментално е шесторангиран тенисер во светот, но резултатите на некои од неговите конкуренти не се во негова корист.

Тејлор Фриц стигна до четвртфиналето на турнирот во Вашингтон и веќе го престигна Ѓоковиќ, како четврти тенисер на светот, со 5135 поени на ранг-листата во живо, додека Новак има 4130. Враќањето на Новак во Топ 4 ќе биде многу потешко.

Тоа не е крајот на потенцијалните проблеми. И Бен Шелтон се заканува да го престигне Ѓоковиќ. Шелтон моментално е седми на АТП-листата со 3420 поени. Доколку Новак го изгуби местото меѓу првите шестмина тенисери, ќе постои можност да игра против Јаник Синер или Карлос Алкарас уште во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.

Тоа би било значително отежнување на мисијата за освојување на трофејот на Отвореното првенство на САД. Постои опција доколку Ѓоковиќ испадне и од Топ 8, со Синер или Алкарас да игра уште во осминафиналната фаза.

Моментално на деветтото место на АТП-листата е Лоренцо Мусети со 3195 поени. Пред стартот на Отвореното првенство на САД ќе има Мастерс турнири во Торонто и во Синсинати, како и турнирот во Винстон Салем од серијата 250.

- Оглас -

Најнови вести