Лоши вести за Ливерпул: Астон вила конечно победи и му побегна на +5 во битката за ЛШ (Видео)

Астон вила немаше победа на првенствен меч од 11-ти февруари, кога на домашен терен славеше над Брајтон, па лошите резултати ги донесоа да стравуваат за пласманот во топ-4 екипите. Сепак, екипата од „Вила парк“ попладнево победи со 2-0 над Вест хем, а тоа воопшто нема да им се допадне во Ливерпул.

Сега имаат 54 бода, пет повеќе од Ливерпул кој е на петтата позиција и по серијата лоши резултати се подалеку од пласман во елитното натпреварување.

Головите за Астон вила беа дело на Џон Мекгин во 18-тата минута и на Оли Воткинс во 68-мата минута.

На вториот меч кој се одигра попладнево, Нотингем Форест со убедливи 0-3 го победи Тотенхем на гостински терен и го мина на табелата во битката за опстанок во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести