Лоши вести за Ливерпул, уште полоши за Сити

Во Ливерпул нема да го форсираат враќањето на првиот голман Алисон Бекер, а тоа значи дека „црвените“ нема да сметаат на бразилскиот чувар на мрежата до следната репрезентативна пауза во средината на октомври. Најавата од „Енфилд“ е дека Алисон ќе ги пропушти наредните најмалку седум меча на Ливерпул.

Алисон се повреди во првото коло од Премиерлигата против Норвич, па тој веќе пропушти три меча и неговото место сега го држи Шпанецот Адријан. Адријан ќе треба да брани против Њукасл, Челзи, Шефилд јунајтед и Лестер во Премиерлигата, Наполи и Салцбург во Лигата на шампионите, како и потенцијалниот дуел со МК Донс во Карабао купот.

Проблем има и англискиот првак Манчестер сити, кој објави дека францускиот дефанзивец Ејмерик Лапорт нема да може да игра до крајот на јануари, и камбекот на терен би го имал некаде во вториот месец од следната година. Лапорт се повреди против Брајтон на 31 август, и имаше операција на коленото.

Лапорт е еден од најкористените играчи кај Гвардиола, и сега единствени централни дефанзивци во тимот се Отаменди и Стоунс.

- Оглас -

Најнови вести