32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Лоши вести за Манчестер сити во пресрет на двата меча на кои ќе брка две титули

Голманот на Манчестер сити, Едерсон, ќе ги пропушти последните два меча во Англија на кои неговиот тим ќе брка освојување на два трофеи. На 19 мај, Манчестер сити на свој терен ќе игра против Вест хем во последното коло од Премиер лигата и со победа Граѓаните ќе освојат нова титула во домашното првенство.

Потоа за Сити ќе следува финалето во ФА купот против градскиот ривал Манчестер јунајтед на „Вембли“, а Едерсон и за овој меч нема да биде подготвен. Бразилскиот голман заработи фрактура на очниот отвор за време на гостувањето кај Тотенхем, па на негово место влезе резервата Стефан Ортега.

Токму Ортега имаше неколку фантастични одбрани кои го спасија Сити да не киксира на тешкото гостување во Лондон. Ортега бранеше на сите средби во ФА купот и Лига купот сезонава, така што дури и Едерсон да беше подготвен, реално ќе беше токму Ортега да брани.

- Оглас -

Најнови вести