Лоши вести за Милан: Ибрахимовиќ се враќа дури во јануари!

Милан во изминативе две недели е без Златан Ибрахимовиќ, па тоа се почувствува и во резултатите откако Росонерите освоија само по еден бод во дуелите со Парма (2:2) и Џенова (2:2). И покрај двете нерешени, Милан уште е прв на табелата со 28 бодови, еден повеќе од вториот Интер.

По пауза од 15 дена, Ибрахимовиќ денеска повторно се врати на тренинг, но вестите за Милан се лоши. Искусниот 39-годишен голгетер повторно почувствувал болки во мускулот, па многу веројатно е дека одлуката ќе биде Златан повторно да мирува.

Најавите се дека Милан без најдобриот тим ќе биде до крајот на 2020 година, а враќањето на Ибрахимовиќ може да се очекува за дуелот против Беневенто на 3 јануари или евентуално за дербито против Јувентус на 6 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести