Портланд го загуби Демиен Лилард во пресрет на клучниот меч против ЛА лејкерс (03 часот по полноќ) поради повреда на десната нога. На Блејзерси не им се пишува добро, со оглед на тоа дека се во негатива од 1-3 во серијата против фаворитот.
Отсуството на Лилард дополнително ќе им ги отежни работите ноќеска во петтата средба од серијата. Без најдобриот поединец во екипата, сè поизвесна е елиминацијата за Портланд, а токму тоа може да се искористи за обложување и да се очекува ефикасно издание на ѕвездите од Лејкерс.
На Џејмс и Дејвис им е јасно дека е потребна уште една победа за пласман во следната фаза, така што ќе целат на доминантна победа. Понудата за обложување на индивидуална ефикасност на кошаркари, во случајов Леброн Џејмс, е одлична во Sport Life.
На Кралот границата за поени му е 27,5 со квота 1.87 за да ја надмине, како што го стори тоа во претходните два меча, кога постигна 30, односно 38 поени. Дејвис треба да реализира 27 или повеќе поени за идентична квота 1.87, додека популарната Веѓа го има и во понудата за скокови, каде што граница му е 10,5 скока при квота 1.95.
Во 22 часот вечерва играат Милкови бакс – Орландо меџик, каде што Елените ќе се потрудат да се пласираат во следната фаза, а за тоа ќе им биде потребно врвно издание на Јанис Адетокумбо. Грчкиот ѕвер е достапен за обложување, дали може да ја помине (1.80 квота) вкупната граница во поени, скокови и асистенции од 52,5, или пак ќе остане под просекот (1.95), одлучувате вие.
Во текот на ноќта ќе се сретнат и Хјустон и Оклахома, во неизвесната серија при 2-2 по четири меча. Харден успева да бележи партии со 30+ поени, а за помалку или повеќе од 37 коша квотите се 1.85, односно 1.90.
Ова е само дел од богата понуда која ја нуди Sport Life за натпреварите од возбудливата НБА-лига, останатите типови можете да ги проверите на официјалната веб-страница, односно во секое издание на билтенот или додатокот.