На денешниот тренинг на Реал Мадрид не се појави Родриго, и неговиот настап на гостувањето в недела кај Валенсија е неизвесно.
Винисиус нема да игра поради суспензија, ќе го нема ни повредениот Џуд Белингам, и се најавуваше дека против Валенсија, Родриго ќе ја заземе позицијата лево крило. Но, ако не игра ни тој поради мускулни проблеми предизвикани од напорните тренинзи со кондицискиот тренер Антонио Пинтус кој се врати во Реал, ќе се бара некое друго решение.
Утре ќе се знае дали Родриго ќе биде во составот. Во Реал се во неизвесност и околу камбекот на Ридигер и Карвахал, додека добра вест за нив е што веројатно Александер-Арнолд е подготвен, па ако тој игра како десен бек, Валверде ќе може да се врати во средниот ред.

