Сестрата на Лионел Меси, Марија Сол Меси, доживеала тешка сообраќајна несреќа. Оваа 32-годишна Аргентинка претрпела повеќекратни повреди, вклучувајќи фрактури на ‘рбетот, скршен зглоб и петица, како и сериозни изгореници по телото.
Сообраќајната несреќа се случила во Мајами. Марија ја изгубила контролата врз автомобилот што го возела и удрила во ѕид. Таа е надвор од животна опасност, но ќе треба долга рехабилитација, па мораше да биде одложена нејзината венчавка закажана за 3 јануари.
Сестрата на аргентинската фудбалска мегаѕвезда е дизајнерка на облека и претприемачка.

