Нови лоши вести за Црвените ѓаволи, кои не играат добро сезонава, а Оле Гунар Солскјер ќе мора да крпи во одбраната по повредата на Хари Мегваер.
Стоперот кој беше скапо платен летоска при трансферот од Лестер и Манчестер јунајтед потроши 80 милиони евра нема да игра одреден период за најтрофејниот англиски клуб.
Мегваер настапи против Вулверхемптон со повреден колк, а состојбата со повредата се влоши, па во Манчестер стравуваат дека ќе мора да играат без стандардниот стопер подолг период.
Не се знае точно колку Мегваер ќе биде надвор од терените, а за 20-кратниот англиски првак продолжуваат ѓаволските маки со повредите.
Мек Томинеј треба да се врати дури идниот месец, Ерик Бејли долго паузираше и допрва се обидува да се врати на терен, додека Маркус Рохо е пред заминување. Пол Погба исто така е повреден, па Оле Гунар Солскјер ќе има проблеми во дефанзивата ако Манчестер не се засили сериозно во зимскиот преоден рок.