Лошиот пенал на Мората донесе титула за Португалија во Лигата на нации

Португалија е нов првак во елитната Лига на нации, откако во финалето во Минхен на пенали ја победија Шпанија.

По 90 и 120 минути игра беше 2-2, а пиринејското дерби го одлучуваа пенали, во кои утна само капитенот на Шпанците, Алваро Мората. Неговиот шут го одбрани Диого Кошта, и тоа беше клучен момент во пенал серијата.

Португалците станаа прва земја со две титули во Лигата на нации, по една имаат Франција и Шпанија. За Португалија ова е трети трофеј во историјата, сите три им се во ерата на Кристијано Роналдо кој поради повреди не можеше да ги доигра финалињата на ЕП 2016 и ова вечерашното на кое даде гол.

- Оглас -

Најнови вести