Лошо деби за Челзи имаше големото засилување Жоао Феликс, кој беше исклучен на дуелот со Фулам, а фаворитот загуби во лондонското дерби како гостин со 2:1.
Португалецот кој пристигна пред некој ден во Челзи како позајмен играч од Атлетико Мадрид веднаш доби шанса да дебитира како стартер, но остана на терен до 58-мата минута, кога доби црвен картон.
RED CARD – WELCOME TO THE PREMIER LEAGUE JOAO FELIX pic.twitter.com/8KoQ0kjeNp
— SPORTbible (@sportbible) January 12, 2023
Феликс стана првиот играч на Челзи откако постои Премиер лигата што бил исклучен на дебито.
https://twitter.com/FootbalIhub/status/1613649138612150286?s=20&t=LBvlITzfaESKhFDeGQN66g
Фулам ја искористи предноста и со голот на Карлос Винисиус во 73-тата минута победи со 2:1 откако претходно Вилијан им донесе предност, а израмни Кулибали.