Лошо е во Јувентус: Пирло не сака да комуницира со фудбалерите!?

Јувентус има само шест победи во последните 12 меча во сите натпреварувања, што е многу слаб биланс кога е во прашање најтрофејниот итлијански тим. Пет нерешени и еден пораз во период од два месеци е доволно да се вклучи алармот дека нешто не е во ред во редовите на гигантот од Торино.

Тоа што е позитивно за Старата дама е играта во Лигата на шампионите, каде што само по четири кола е обезбеден пласманот во нокаут-фазата. Сепак, нерешениот резултат на последното гостување кај Беневенто беше знак за италијанските медиуми да шпекулираат што не чини во Јувентус.

Тренерот Андреа Пирло беше доведен на клупата без никакво претходно искуство за водење ваков тим. Пирло беше фудбалски виртуоз, но очигледно дека од клупата не се снаоѓа толку добро. „Кориере дело спорт“ пишува дека играчите на Јувентус се жалат затоа што тренерот веќе не комуницира со нив за тактиката. Место Пирло, тоа го прават неговите помошници Игор Тудор и Роберто Баронио. Тудор дава инструкции пред мечот, а Баронио по средбата.

Јувентус утре во Торино игра против Динамо Киев, во меч на кој италијанскиот гигант треба да ја врати самодовербата, а потоа да продолжи со добри игри во првенството, каде што веќе има шест бода заостанување зад лидерот Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести