Садио Мане засега е тагичар во финалето на Африканскиот куп на Нации, откако промаши пенал во седмата минута за Сенегал против Египет.
По првото полувреме нема голови, а мечот почна како што посакуваа Сенегалците.
Одличниот десен бек Салиу Сис во два потега со невидена брзина влезе во шеснаесетникот на Египет и беше фаулиран од Абделмон за удар од белата точка.
Мане се подготви за пеналот, но поуспешен беше неговиот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах, кој му сугерираше на голманот Габаски, како Сенегалецот ги изведува ударите од белата точка.
И се случи чудо, Мане биеше силно по средината на голот, но Габаски со одична парада му го одбрани ударот, па по првиот дел во мечит за титулата во Африка резултатот е 0:0.
Целата ситуација од 7. минута можете да ја погледнете ОВДЕ.
Египет е рекордер во Африка со 7 титули, а Сенегал има шанса за првиот пехар на популарниот АФКОН.