Херта Берлин ја прокоцка предноста од 1:0 против Борусија во Дортмунд и загуби со 2:1, што го носи тимот од главниот град на Германија во бараж-двомеч за опстанок во Бундеслигата, а им создаде и многу проблеми.
Херта ќе игра двомеч против Хамбургер во дуел на два препознатливи германски фудбалски бренда, а едниот од нив од идната сезона ќе мора да игра во Цвајта.
На Херта ѝ требаше бод на гостувањето во Дортмунд, но иако водеше со 1:0, загуби со 2:1, па со еднаков број бодови, но подобра гол-разлика ги престигна Штутгарт, кој се спаси од испаѓање.
Поразот на „Сигнал Идуна парк“ го разлути менаџерот на Херта, Феликс Магат, кој ги нападнал играчите дека немаат срце и ги предупредил дека со таков однос ќе загубат и од Хамбургер.
Тоа не му се допаднало на Кевин-Принс Боатенг, кој е познат како играч со проблематично однесување и реагирал на критиките на Магат, но, за среќа, кавгата била само вербална.
Херта утре ќе му биде домаќин на ХСВ во првиот дуел за последниот билет во Бундеслигата, а реваншот ќе се игра во Хамбург на 23. мај.