28.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Лошо им тргна соработката – Новиот спонзор на Тотенхем го исмеваше клубот, па ги избришаа коментарите

Познатата англиска компанија „Дулукс“ влета во неочекуван проблем на првиот ден како официјален спонзор на Тотенхем, а целата ситуација наиде и на потсмев на социјалните мрежи.

Фирмата што ќе го снабдува познатиот англиски премиерлигаш со бои се изрезили со неколку коментари на „Твитер“ од официјалниот налог, па потоа ги избришаа коментарите и се извинија.

Од „Дулукс“ се пофалија со соработката со Тотенхем, но потоа се разви неочекувана дискусија, што доведе до голем сеир.

Еден од навивачите на Спарс напиша дека трофејната соба на клубот е празна и дека комотно може во неа да се сместат канти со бои од новиот спонзор, а на потсмевот се приклучи и „Дулукс“.

Поставија фотографија со дел од трофејната соба на Тотенхем со наслов „За продажба“, а местото каде што треба да стојат трофеите го именуваа со „Неискористен кабинет за трофеи“.

Киксот се обидоа веднаш да го сокријат, ги избришаа сите коментари на „Твитер“ и се извинија и најавија истрага во фирмата за целиот случај.

 

- Оглас -

Најнови вести