„Лошото момче“ нема ниту една титула на Вимблдон, а смета дека е најдобар тенисер на трева

Ник Кирјос е лошото момче меѓу тенисерите и надалеку е познат по своите испади. Иако станува збор за мошне талентиран тенисер, годините го стигнаа, а не успеа да направи позабележителен резултат.

Кирјос овојпат се пофали дека е најдобар тенисер на тревна подлога, иако на Вимблдон, единствениот гренслем на ваква подлога, негов најдобар резултат е пласман во четврт-финалето, и тоа во 2014 година.

„Јас се сметам себеси за најдобар тенисер на тревна подлога. Другите се цело едно ниво под моите квалитети на трева“, изјави Кирјос, кој во кариерата има освоено шест титули од АТП мастерс турнирите.

- Оглас -

Најнови вести