Лотарија на Македонија го додели и третиот стан со инстант лозот „Доме, сладок доме“ (Фото)

Лотарија на Македонија го додели и третиот од петте стана во наградната игра со лозот „Доме, сладок доме“, а најмногу среќа сега имаше семејството Лазаревски од Скопје.

Само за 100 денари, четиричленото семејство си доби нов дом „изгребан“ на инстант лозот „Доме, сладок доме“. Станот е со големина од 41,7 квадрати и подрум. Добивката изнесува вкупно 3 372 883 денари со сите платени давачки.

„Брачниот пар Лазаревски од скопската населба Кисела Вода со возбуда го разгледуваа својот нов стан, раскажувајќи ни ја среќната приказна. Имено, Никола заради работните обврски секојдневно патува низ државата. Патувајќи во различни градови тој од секој град се враќал дома со по неколку инстант лозови. Сепак, среќата била блиску до него бидејќи ја пронашол во својата населба – Кисела Вода, на продажното место „АН-ДАР Компани“, објавија од Лотарија на Македонија.

Никола купил два лоза – „Златна рипка“ и „Доме, сладок доме“, но не ги изгребал на продажното место, туку ги понел дома за да ги изгребат заедно со сопругата Рајне. Во навидум обичниот ден, не помислувале дека ќе изгребат добитен број со што ќе станат сопственици на стан во една од најубавите згради во Скопје, во атрактивно соседство, само за 100 денари.

„Едноставно, не ни се веруваше во тоа што го гледаме, не заспавме цела ноќ. Нестрпливи бевме да отидеме во просториите на Државна лотарија за да ни ја потврдат добивката и да се увериме дека ова не е сон“, ни раскажа Рајне, не криејќи ја својата возбуда.

Откако го потпишаа договорот и ја подготвивме комплетната документација, Никола, Рајне и дечињата го видоа својот нов сладок дом кој се наоѓа во среќната зграда на улица „Методија Шаторов-Шарло“, во населба Аеродром.

 

Државна лотарија им посакува многу среќа во новиот дом, а ние ќе ги чекаме следните добитници бидејќи има уште два стана.

 

- Оглас -

Најнови вести